ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?

Но, судбината на „Универзалната сала“ далеку го натфрла тој вид на урбанистички одлуки и во себе носи „политички“ ризик што може да му ја одлучи судбината на градоначалникот веќе на следните локални избори, доколку „кујните“ во СДСМ воопшто проценат дека Шилегов заслужува кандидатура за следен градоначалнички мандат.

July 29, 2020 08:23
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Јавната дебата за судбината на „Универзалната сала“ во Скопје се води на вистински начин: аргументите и размислите за начинот на кој ќе се редефинира изгледот, капацитетот, содржината и локацијата на ова градско здание со импресивна културна историја добро се изложуваат од сите спротивставени страни, без разлика и на цинизмот и на политичката нетрпеливост што лесно може да се детектираат во некои од ставовите. Па, и тоа е нормално.

И јас, како и илјадници други скопјани, а и граѓани од другите градови на Македонија, ја чувствувам „Универзална“ како дел од моето лично културно искуство, како формативно место за еден важен дел од мојот светоглед, не само во областа на изведувачките уметности и културата. Бидејќи живеам на некои 200-300 метри од салата, и денеска, кога тоа тажно и градежно потрошено здание стои како скелет на некој урбан и одамна мртов диносаурус, секојдневно се меткам низ околните кафулиња („Броз“, „Че“, „Белиер“…) и безобразно се гојам во „Силбо“ и „Апче“ (ах!!!), лесно закажувајќи средби и состаноци „кај Универзална“.

Таа зграда денеска е грда на изглед, но пребогата со незаменливи спомени од многу младости. Затоа и дел од сегашните расправи се полни со „непрактични“ емоции, бидејќи бројот на паркинг места, квадратурата или сообраќајната пристапност за објективните потреби на еден таков објект не можат да конкурираат на „духот“ што „Универзална сала“ го нормираше кај скопјани на начин што на многу други модерни и далеку поадекватни архитектонски зданија – да речеме, новата зграда на Филхармонијата – ќе им треба уште години, ако не и децении за да се „соединат“ со својата публика. Во светот на уметноста и културата тие ментални, стимулативни искуства се нарекуваат „сублиминални“ и се условот без кој не може да се постигне соединувањето на духот и изведбата во уметничкиот израз, колку и да е таа изведба технички совршена.

Елем, сакам да кажам – а, во овој момент, самиот да не заземам страна во понудените градежни и урбанистички алтернативи – на расправата за иднината на „Универзална сала“ да ѝ се даде уште време! Нека „легнат“ во јавноста сите аргументации во јавната дебата, а потоа – зошто да не? – нека се распише и еден консултативен референдум за предложените решенија, за граѓаните на Скопје, оние кои тоа го сакаат, директно и демократски да се изјаснат за иднината на „Универзална“. Кој вели дека на референдуми треба да решаваме само за „судбински“ прашања за „иднината на нацијата“?!

Ваквиот пристап не е вообичаен за нашата политика. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов поседува конфронтативен и, често, арогантен начин на „пресекување“ на работите важни за животот на градот – таквата „ефикасност“ можеби доликува кога се работи за локацијата на некој мост, за бизнис-махинациите околу градежните парцели или за локацијата на некаков центар за згрижување на кучиња-скитници…

Но, судбината на „Универзалната сала“ далеку го натфрла тој вид на урбанистички одлуки и во себе носи „политички“ ризик што може да му ја одлучи судбината на градоначалникот веќе на следните локални избори, доколку „кујните“ во СДСМ воопшто проценат дека Шилегов заслужува кандидатура за следен градоначалнички мандат.

Бидејќи, „Универзална сала“, со години распадната каква што е, го потврдува правилото дека и во политиката постои граница до која можете некого нешто да го научите; но, не постои лимит до кој можете да го инспирирате – решението за „Универзална“ мора да биде исто толку практично, колку и инспиративно.

Велам, насоката на таа „инспирација“ може да се провери на еден убав, градски референдум. На „Универзална сала“ ѝ доликува една таква „демократска вежба“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk