ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Акценти од самитот на балканските лидери организиран од Атлантскиот совет

Претседателот Пендаровски во своето обраќање истакнал дека Северна Македонија во целост ги поддржува предлозите за регионална соработка и во таа насока посочил дека економската агенда треба да има приоритет пред политичките или безбедносните прашања, кои долго време беа предмет на дискусија во регионот.

July 29, 2020 18:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Атлантскиот совет Дејмон Вилсон изјави денес дека е важно лидерите од Западен Балкан да работат заедно за да воспостават заеднички пазар во корист на нивните граѓани, потенцирајќи дека тешки времиња бараат тешки одлуки.

Тој на видео самитот за лидерите на земјите од Западен Балкан, на кој учествуваше претседателот Стево Пендаровски, рече дека регионот не бил конкурентен на пазарот, затоа што пазарите биле фрагментирани, а сега, за првпат, сите држави од регионот се рамноправни партнери.

Вилсон додаде дека лидерите се согласиле да преземат активности за стимулирање на економското закрепнување по пандемијата, да ја подобрат долгорочната конкурентност во регионот и да ја зајакнат атрактивноста за странските инвеститори.

Тој изјави дека тие се согласиле да ги применат четирите слободи на движење на ЕУ – стоки, услуги, капитал и луѓе, како и да идентификуваат инвестициски проекти.

– Длабоко сме благодарни за финансиската поддршка на Европската унија, но тоа не смее да биде изговор за нас да не придонесуваме во јакнење на нашите економии, нагласи денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, на видео-самитот на лидерите од Западен Балкан, организиран од Атлантскиот совет. „Не треба да ја потценуваме сопствената сила, силата на се што е во наши раце во регионот, но треба да сториме се што можеме за да градиме вистинска доверба во регионот“, рече Вучиќ. „Ние припаѓаме на Балканот и сакаме да создадеме вистинско економско опкружување, не само за нас, туку и за сите наши пријатели во регионот. Ако ги решиме нашите проблеми, ќе не ценат и почитуваат повеќе, не само во ЕУ, туку и во САД, додаде тој.

– Премиерот на  Косово, Авдулах Хоти, изјави дека регионот на Западен Балкан е поделен и недоволно економски интегриран, но, според него, постои волја меѓу лидерите да се отстранат инфраструктурните и бирократските бариери со цел економиите да соработуваат.

Хоти рече дека е сторено многу за интеграцијата на регионот, но дека мора да се признае дека Западен Балкан во голема мерка е поделен кога станува збор за економска интеграција.

„Сѐ уште има бирократски бариери и голем број на прашања што треба да се решат, особено кога станува збор за законодавството, но и инфраструктура и други технички бариери“. „Нашите економии се индивидуално мали кога станува збор за пазарите. Ако работиме заедно, можеме да се надополнуваме“, рече Хоти.

„Регионот е поделен. Но, можам да кажам дека постои волја меѓу лидерите во регионот да работат заедно за да ги отстранат бариерите веднаш и да се вклучат во големи проекти што ќе ги поврзат нашите главни градови и земји”, рече Хоти.

– Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека иницијативата „Мали Шенген“ е многу поважна по пандемијата отколку порано и дека секој што го комплицира процесот го прави тоа од политички причини.

„Јасно е дека секој што го комплицира овој процес со приговори, го прави тоа само од политички причини и кратковиди политички ставови. Комплетна глупост е дека сите не се впуштаме во тоа затоа што зборуваме за четирите слободи на Европската унија”, рече Рама.

Тој додаде дека е важна брза имплементација на иницијативата за економска интеграција на регионот. „Некои (поради пандемијата) ќе бидат погодени од снабдувањето, некои од производството, а некои, како нас, ќе бидат погодени од угостителството со драстичен пад на туризмот“, рече Рама, додавајќи дека брзата и поголема соработка меѓу земјите би помогнала во компензација на потребите.

Развојот на регионот, како што рече тој, на Западен Балкан преку мир и соработка сега е поважен од кога било.

Учесниците се согласиле дека преку зајакната економска соработка, слободно движење на луѓе, добра и услуги, ќе се придонесе кон побрзо социо-економско закрепнување на регионот, ќе се зголеми неговата конкурентност, а ќе биде и попривлечен за влез на странски инвеститори.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање истакнал дека Северна Македонија во целост ги поддржува предлозите за регионална соработка и во таа насока посочил дека економската агенда треба да има приоритет пред политичките или безбедносните прашања, кои долго време беа предмет на дискусија во регионот.

Тој додал дека новите инцијативи е потребно да бидат комплементарни со постоечките и да се во тесна врска со институционалните рамки за соработка во Европската Унија. Исто така, истакнал дека не смее да дозволиме европската интеграција да остане далечна, затоа што ситуација кога нема напредок на европскиот пат не е поволна за развојот на Балканот.

Претседателот додал дека економските иницијативи се многу важни затоа што тие можат да помогнат во справувањето со масовното иселување на жителите од Балканот. Регионалната соработка може значително да придонесе за подобрување на економските параметри на земјите, за полесно да се справат со миграцијата.

Меѓу заклучоците од самитот се и преземените обврски за отстранување на административните пречки за слободното движење на добра и услуги, вложување во инфраструктурни и инвестициски проекти со кои брзо и ефикасно ќе се спроведуваат чекори за закрепнување на регионот, се додава во соопштението.

На виртуелниот самит учествуваат и останати високи претставници од шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Авдулах Хоти, претседателот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ.

Настанот беше организиран од Атлантскиот совет, тинк-тенк организација од САД, во соработка со партнери од Владата на САД, Европската комисија, Европската служба за надворешни работи и други меѓународни партнери на Атлантскиот совет.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk