Во последните 24 часа се направени 1.971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19.
Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 99.615 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.503, бројката на оздравени пациенти е 5.931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук.