ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Ковид-19 го забрзува растот на е-трговијата

Само во март 2020 има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како за цела 2019 година. Но, значајно расте и бројот на нерегистрирани продавачи.

July 29, 2020 17:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар, напиша во пост на Фејсбук министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Е-трговијата евидентно е во пораст со КОВИД-19 пандемијата. Значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции.

Само во март 2020 има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како за цела 2019 година.
Но, значајно расте и бројот на нерегистрирани продавачи.

Денес остваривме состанок заедно со претставници на УЈП – Управа за Јавни Приходи, Царинска управа, Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија, Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија Асоцијација за е-трговија на Македонија и Агенција за пошти и разговаравме за активностите кои што може да се преземат уште веднаш како одговор на сивата економија во е-трговија која што се случува, а во насока на заштита на компаниите и заштита на потрошувачите.

Е-трговијата нуди можности, но носи и нови предизвици, како за компаниите кои треба да стенуваат нови вештини и да градат нови капацитети, така и за институциите – во поглед на борбата против сивата економија, но и заштита од нелојална конкуренција на компаниите.

Вo Министерство за финансии уште пред кризата изготвивме предлог акциски план за борба со сивата економијата, во кој воведовме посебен дел наменет за сивата економија во е-трговија, кој вклучува активности за системски решенија, градење на капацитетите на институциите и кревање на свеста кај граѓаните.

На кус рок ќе ги зајакнеме расположивите институционални механизми и контроли со цел да се намали сивата економија, додека на среден рок потребна е законска рамка за е-трговија која ќе ги постави јасно правилата со цел – од една страна да се заштитат потрошувачите и нивните права, а од друга страна фер конкуренцијата на пазарот и наплатата на давачките во државната каса, стои во објавата на министерката Ангеловска на Фејсбук.

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: Конститутивна седница во вторник напладне, ЦИВИЛ со иницијатива за референдум за Универзална, МВР постапува кај Мавровка...

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk