Меѓу новите шестмина заболени битолчани во текот на вчерашното деноночие има и тинејџер на 16 години, а вчера имаше двајца позитивни 18-годишници. Од Центарот за јавно здравје соопштија дека шестте лица позитивни на коронавирус од Битола заведени во здравствениот билтен денес се на возраст од 16, 31, 65, 70, 71 и 73 години, пренесе СДК.МК.
Од новорегистрираните, две лица се поврзуваат со веќе постоечки фамилијарни кластери, а 4 лица не даваат податок за контакт со позитивно регистрирано лице.
Од контактите на новорегистрираните лица, за 21 лице е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација. Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 64.
На територијата што ја покрива Центарот за јавно здравје од Битола, друга општина со поголем број на активни случаи е Кичево.