ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните

July 29, 2020 10:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата на ковид-19 во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за периодот април-јуни 2020 година, пренесува МЕТА.

Имено, околу 58 отсто од банките укажале на значително намалување на кредитната побарувачка, наспроти претходната анкета кога ниту една банка не се изјаснила на овој начин.

„Нето-намалувањето на кредитната побарувачка во вториот квартал е спротивно од очекувањата на банките во претходната анкета за нето-зголемување. Во третиот квартал, банките очекуваат нормализирање на побарувачката за кредити од страна на домаќинствата, при што се очекува нејзино нето-зголемување“, велат од Народната банка.

Инаку, во вториот квартал на 2020 година, банките укажуваат на натамошно нето олеснување на вкупните кредитни услови кај кредитите на домаќинствата, коешто е поизразено во споредба со претходната анкета.

Притоа, поголемиот процент на банки (околу 73 отсто) укажуваат на олеснети кредитни услови кај сите типови кредити на домаќинствата, наспроти околу 26 отсто во претходната анкета.

„Воедно, околу 17 отсто од банките укажуваат и на заострување на кредитните услови, за разлика од претходната анкета, кога ниту една банка не укажа на ова. Нето-олеснувањето на кредитните услови во вториот квартал е посилно во однос на очекувањата од претходната анкета. Во третото тримесечје, банките очекуваат нето-заострување на кредитните услови“, велат од Народната банка.

Од аспект на поединечните кредитни услови, кај каматната стапка на кредитите за домаќинствата и понатаму се забележува нето-олеснување, коешто е значително поизразено во однос на претходната анкета. Кај останатите кредитни услови и натаму се забележува нето-олеснување на провизиите на станбените кредити, додека кај обврските за обезбедување и достасување на заемите на потрошувачките кредити, се забележува нето-заострување, наспроти нето-олеснувањето во претходната анкета.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Капибарата – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025
Фото: ФБ/Кире Михаилов

Кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk