Неделава, социјалните мрежи беа преплавени со црно-бели фотографии од жени кои предизвикуваа други жени да се придружат на хаштазите #challengeaccepted, #womensupportingwomen и #blackandwhitechallenge споделувајќи црно-бела слика од себе.
Откако секоја од номинираните објавува своја слика, таа номинира 50 жени да го сторат истото и да ги напишат хаштазите. Според Њујорк Тајмс, над 3 милиони луѓе го прифатиле предизвикот.
Идејата зад овој предизвик е подлабока, и покрај тоа што ваквиот тип на фотографии е доста омилен и често користен.
Не се знае точно од кого потекнува овој предизвик, но се поврзува со бразилската новинарка Ана Паула Падрао, додека пак други тврдат дека предизвикот е од 2016 година кога бил користен за подигнување на свеста за рак. Трендот исто така се поврзува и со поддршката која ја на социјалните мрежи ја доби Александрија Окасио – Кортез откако во моќно обраќање пред Сенатот на САД му одговори на републиканскиот конгресмен Тед Јохо кој ја навредил.
I never spoke to Rep. Yoho before he decided to accost me on the steps of the nation’s Capitol yesterday.
Believe it or not, I usually get along fine w/ my GOP colleagues. We know how to check our legislative sparring at the committee door.
But hey, “b*tches” get stuff done. ??♀️ https://t.co/WlG3xccwR7
— Alexandria Ocasio-Cortez (@AOC) July 21, 2020
Покрај поддржувачкиот дух на предизвикот, тој има и потемна позадина – фемицидот во Турција. Многу жени од земјата го прифатиле предизвикот во знак на протест против убиствата на жени.
Според Светската здравствена организација, терминот „фемицид“ се користи за да се опишат жените кои се малтретирани и убивани од своите партнери.
Црно-белите фотографии имаа за цел да ги претстават жртвите на родово насилство чии фотографии биле објавувани во медиумите.
Извор: ELLE.