ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кардула за Грин ЦИВИЛ: Граѓанинот треба да биде гласен, да биде дел од прогресивната борба за подобро општество

July 31, 2020 13:27
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ИНТЕРВЈУ

Зоран Кардула е еден од оние активисти, инаку графички дизајнер, кој секогаш е гласен кога станува збор за општествени и политички неправди во кoи страадат поединци, заедници, но и целото политичко и општествено делување во земјата. А, гласноста, активното граѓанско учество во приднесот нештата даа бидат подобри, поубави, каде поединецот, но и колективот ќе се чувствува достоинствено, слободно, среќно, го изразува преку илустрации на креативен начин.

Грин ЦИВИЛ и Кардула разговараат колку уметноста може да придонесе во промоција на зелените вредности, социјалната правда и борбата против национализмот.

Грин ЦИВИЛ: Колку уметноста може да придонесе во промоција на зелените вредности?

Кардула: Најпрво да ги спомнам зелените вредности, почитување на човековото достоинство и човековите права, слободата,  демократијата, еднаквост, владеење на правото, социјална и еколошка правда, трансформација на општеството во корист на сите,  економска, социјална и еколошка благосостојба, негување на разновидноста на природниот свет… вредности за кој секој треба да се бори.

За мене како графички дизајнер нормално е занаетот кој го имам да го искористам за промоција на горе наведените вредности. Преку графика и илустрација секогаш полесно допира пораката која сакаме да ја пратиме. Промоцијата на овие вредности настојувам да биде преку илустрации затоа што луѓето помалку читаат текстови. Ритамот на животот, секојдневното брзање некаде  остава простор за илустрацијата да ја пренесе пораката без многу текст, а сепак да остави простор за размислување и дискусија. Затоа апелирам сите уметници, дизајнери, музичари…. да бидат погласни и да ги промовираа овие вредности затоа што овие вредности се основа за едно здраво општество.

Зелените доаѓаат: Почитување на човековото достоинство и човековите права / слобода / демократија / еднаквост / владеење на правото / социјална и еколошка правда / трансформација на општеството во корист на сите / економска, социјална и еколошка благосостојба / негување на разновидноста на природниот свет, илустрација Зоран Кардула

Грин ЦИВИЛ: Што е потребно за постигнување на социјалната правда? Дали визуелизацијата на социјалната неправда е доволно гласна за се направат некои промени?

Кардула: Социјалната правда за мене е дирекно поврзана со функционирање на правната држава. Без правна држава не може да има социјалната правда. Далеку сме од општество каде има социјална правда, но последниве години видни се некои поместувања кон подобро. Треба уште многу да се работи. Неопходно е сите кои се социјално угнетувани да го кренат својот глас, прво они да бидат гласни за да нивната мака, нивниот глас се чуе и така да им се помогне.  Со визуализација можеби полесно ќе стигне пораката за неправда, но за сето тоа да има ефект треба граѓанинот да биде гласен, да се бори за своите права кои законски ги има, но за жал често пати нивната реализација изостанува.  Без заедничка борба нема да се постигне посакуваната цел.

Без правна држава, нема социјална правда, илустрација Зоран Кардула

Грин ЦИВИЛ: Колку уметноста може да помогне во борбата против национализмот?

Кардула: Според мене може многу да помогне. Национализмот, се повеќе и повеќе зема замав во светот и за жал ние не сме исклучок. Сведоци сме на сè повеќе нетолеранција на етничка основа, се враќаат некои стари реторики познати од времето на фaшизмот, промовирање на ликови од историјата кои го поддржуваа фашизмот. Тука нема компромис и мора од корен да се пресечат. Ние живееме во една мулти етничка држава и вакви националистички реторики мора најстрого да се казнат зошто штетата може да биде фатална. Уметноста и уметниците не смеат да бидат само неми набљудувачи на вакви девијантни појави во општеството и мора да го кренат својот глас. Тие треба да бидат дел од прогресивноста, дел од општеството кое ќе го водат напред и ќе создаде општество кое ќе биде подеднакво добро за сите без нетрпеливост по било која основа.

Антинационализам, илустрација Зоран Кардула

Б. Јордановска / ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Правните лица кои ќе донираат преку плaтформата „Солидарност“ ослободени од данок и со олеснета постапка

НАЈНОВО

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

August 25, 2025

Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk