-ДУИ е претпознатлива по успешните политички кампањи уште во 2002 година не изненадија со нивните постери и најразлични ефекти успеаа да бидат меѓу најдобрите. И секогаш кога ќе помислиме дека ќе имаат послаба кампања тие секогаш не изненадуваат со нешто ново провокативно. Не им е битно како ќе се прифати ,туку целата е за нив кампањата да се дебатира, во тие моменти не се остава простор за да се збори за нивната улога и нивната работа изминативе години, вели во изјава за Локално, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.
Воедно Рамадани смета дека и последната кампања за идејата за прв премиер Албанец успешно помина.
-Нивна специфика е тоа што кога се работи за да бидат дел од власта може лесно да се повлечат од своите цели, зошто власта им е се.Тие не знаат воопшто како е да се биде опозиционер, и за нив одењето во опозиција значи пропаст. Значи немаат политичка култура за да можат да се снајдат во опозиција, коментира Рамадани.
Според Рамадани, на ДУИ не треба да им се дозволи да се повикуваат дека се единствени легитимни претставници од Албанците, бидејќи знаат да кажат дека кој не е ДИУ не е Албанец.
-Треба да им се покаже дека има Албанци и од другата страна вистината е дека 18 пратеници се бирани од Албанци кои не се од ДУИ – тука се Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса, коалицијата „Можеме“. Не треба да им се остави простор тие да манифестираат препотентност дури и ароганција дека се единствените кои ги претставуваат Албанците, вели Рамадани.
За „платформата“ на ДУИ со која по етничка основа се бара таа да биде единствената што ќе преговара за влез во новата Влада , Рамадани смета дека тоа е ирационално однесување со самиот факт дека од партијата сакаат да диктираат во албанскиот блок.
-Бројките кај другите политички партии тоа не им го дозволува.Сакаат тие да признаат или не Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат 12 пратеници од опозиција без манипулации и купување на гласови и без употреба на инструменти.ДУИ не смее и понатаму да се претставуваат како ангели во изборниот процес затоа што нивните постапки веќе се очигледни и како доаѓаат до гласовите, вели Рамадани за „Локално“.