Со нашиот ЉУБОВЕН ПАСОШ денес одиме во Турција. Една вечна песна која ја имаат препеано многу народи и сите ја пеат на свои јазици.
Сепак велат дека најстарата верзија е токму оваа, но и тоа не е толку важно. Некој убаво рекол: “Песната е на оној кој ја пее”. И битно е дека ја изведовме со многу љубов, со порака за солидарност со турскиот народ во ова време на корона пандемија, во знакот на денешниот празник Курбан Бајрам.
Голема благодарност до актерите на НУ “Турски театар – Скопје” кои слават роденден – 70 години постоење… МУЗИКАТА НЕМА ГРАНИЦИ! Ве сакаат Дац и Александар, пишува под видеото на Јутуб.