ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јанчев за европско вемеро, Тимчо не го дава, Талат уморен, охриѓани немет мир, почна востанието во крушевско, жедта за власт…

August 1, 2020 23:30
in ESPRESSO, ON THE HOUR, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

СИМБОЛИЧНО, два дена пред Илинден, Митко Јанчев тргна во освојување на тронот на вемеро. Така барем изгледа по неговото интервју во Фокус. Првиот комита што се испречи пред него, како жив штит на Мицкоски, беше Тимчо Муцунски. На Фејсбук, разбира се. Не е вемеро акционерско друштво, туку политичка партија, ни откри Тимчо и ги крена трите прста. Јанчев го прегази во неколку реда: „Ако јас во бизнисот толерирав лузери и сплеткароши никогаш немаше да го постигнам тоа што го постигнав. Ако во општината се опкружев со полтрони и интересџии никогаш Кавадарци немаше да биде ова што е денес“.

ЕКИМОТ на Талат Џафери му препорачал да се одмори на Илинден, преморен бил. Негова одмена ќе биде Мисовски, кој ќе ја води собраниската делегација на Мечкин Камен. Друго е прашањето, како Собранието наше славно, функционира за церемонии, а не можеше ни со прст да мрдне ни за епидемијата, ни за изборите… Плата важно им тече, а после, не се секирајте, ќе има и (л)апанажа.

ОХРИЃАНИ се жаљет на Скопјанишчана, з’ш фрљет ногу смет. Скопјанишчана се жаљет з’ш немет к’ј да го фрљет сметот, корпи за џубре имат снемано, а то шчо имет, преп’лно било. Ам, мојш во џепчето да го туриш ќесено!

ВЕЌЕ ПРЕДУПРЕДИВМЕ, говорот на омразата ќе се засили. Така и би. Едни мразат муслимани, други мразат северџани. За истата банда се работи, само работат во смени. Имаат нова „ударна тупаница“ како што милуваат некои од нив да се изразат…

ПСЕ ЈО? Сите што ја поддржуваат македонската евроатлантска агенда нека влезат во владина коалиција. Ете, ДУИ ја спушти топката и се упати кон Илинденска бб. „Во случајот со премиерот, симболиката е поважна отколку практичниот аспект“ – рече Бујар Османи за косовската Т7. Со други зборови, жедта за власт ги победува сите други потреби. Во случајов, тоа е добро за македонските национални интереси.

ПОЧНА ВОСТАНИЕТО во крушевско. Селаните – коњаници од с. Горно Лисиче, на чие чело е Мизрахри, се степале меѓу себе (ноќта, 31 јули). Не е јасно околу што или околу кого избила тепачката, ама дошол заптијата и ја прекинал тепачката со еден куршум од кубурата. Јунациве храбро ги подвиткале опашките.

КОСОВО тајно се вооружува! – гласат денешните наслови во некои македонски медиуми. Како тоа тајно се вооружува? Па во истите текстови се цитираат официјални претставници на косовските власти за договорите за набавка на оружје, борбени возила и опрема! Здравствуй, говорит Москва…

STATUS CHECK… GO ATLAS… GO MARS 2020! Марс, дел од човештвото веќе е на твојот праг. Поголемиот дел од човештвото, сепак, ќе остане на планетата Фејсбук… (Perseverance или „издржливост“ е роверот на НАСА, лансиран на 30 јули 2020).

Next Post

Денес сончево со мала локална облачност

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk