Светот на ток-шоуата е поскандалозен од што мислeвме. Според вест на Тhe Sun, водителот Џејмс Корден можеби ќе седне на водителското столче во дневното шоу на Елен Деџенерис. Корден моментално го води шоуто The Late Late Show на CBS додека Елен го води нејзиното The Ellen DeGeneres Show на NBC. Најави за можни промени доаѓаат откако во јавноста излегоа бројни коментари за „токсичната работна средина“ за шоуто на Деџенерис, пишува во текст на Космополитен.
Поупатените велат за Корден дека „одамна се знае дека е наследникот“. Заради скорешните обвинувања, наоѓање можна замена е реална опција.
Овој проблем забрза сѐ и ги натера сите денес да погледнат во иднината, велат извори од NBC. Џејмс Корден долго време е претендент за местото на Елен, уште пред да се дознае за сево ова.
Џејмс и неговиот тим се идоли на модерната телевизија, преобразувајќи ги некогаш досадните ток-шоуа во нови формати со голема онлајн публика, социјални медиуми и светска слава, вели истиот извор.
Секогаш знаевме дека замената на Елен ќе биде голем предизвик, но тој (Корден) е совршена и лесна транзиција. Џејмс би бил освежување на дневната телевизиска програма и ќе има можност да започне нова ера во пладневниот ТВ блок.
Во јули, 10 поранешни вработени и еден сегашен вработен проговорија анонимно за BuzzFeed News за тоа како шоуто е полно со фаворизам од извршните продуценти, како и микроагресии и расизам.
Извор: Космополитен.
Д. Е.