КОНЕВСКИ до Мицкоски: Нa Илинден треба да обединуваш, а ти клеветиш – оди си од ВМРО-ДПМНЕ!
ФРОНТ: Скопје 2014 е друго име за смртта на Македонија – пишува Бранко Тричковски.
СПАСОВСКИ: На Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност.
ПЕНДАРОВСКИ од Пелинце: Граѓанското помирување основен услов за функционирање на демократско плурално општество.
ВО првите шест месеци годинава вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма.
ВО последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на Ковид-19.
ДЕСЕТ нови случаи на коронавирус во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино.
МФ: Јавниот долг во второ тримесечје 59,5 проценти како резултат на Ковид-19 кризата.
ПРОНАЈДЕНИ 10 мигранти во „Рено лагуна“ на патот Слупчане-Ваксинце.
ЕВРОПОЛ и Интерпол кај хрватски производители на вино и со хрватски етикети открија вино од С.Македонија, Италија и Чиле.
ВО екот на сезоната во Црна Гора има 92 проценти помалку туристи.
ВО Јапонија 1.540 новозаразени, рекордно зголемување во Токио.
ИЛЈАДНИЦИ демонстранти и синоќа се собраа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху барајќи негова оставка.
ОКОЛУ 8.000 луѓе се принудно евакуирани од своите домови во округот Риверсајд во јужна Калифорнија, поради шумски пожар што гори на површина од околу 16.000 хектари.
НА Филипините се регистрирана 5.032 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заразени лица во земјата.