Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, му се обрати на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, преку соопштение.Коневски го обвинува Мицкоски дека се однесува срамно на најголемиот македонски празник Илинден.
„Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики.
Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ“, порача Коневски.