„ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на расипништво и криминално трошење на парите на граѓаните, партија која заради криминални интереси тројно го зголеми јавниот долг финансирајќи непродуктивни трошоци за богатење на поединци.“, реагира СДСМ на изјавата на Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ дека за само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра.
„Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки.
Лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ се дотолку поголеми ако се знае, дека и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар токму на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена. Последен доказ за тоа е денешниот настап на Анастасија Илиеска, една од многу партиски функционерки на ВМРО-ДПМНЕ која е симбол на непотизам. Со таквиот потценувачки однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ уште долго останува во опозиција“, велат од СДСМ како реакција на Илиеска која ја искористи прес конференцијата уште еднаш да обвини за поткуп на граѓаните пред избори со ваучери.