Евидентната е нервоза кај ДУИ во изминатава година. ДУИ беа стабилниот столб на криминалната владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, констатира Љупчо Зиков во вечерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.
„Многу процеси се вртеа околу нив, многу потрошени државни пари во владата Груевски. Денеска тие се соочуваат со период кога Македонија добива преговори со ЕУ, и би сакале бидат внатре за да „го ометаат“ системот“, рече Зиков.