Двајца пратеници од Левица гласаа воздражани, а еден од нив беше воздржан и при гласање на дневниот ред. Претседавачот на Конституивната седница, даде пауза за новоизбраната Комисијата за верификација да ги верифицира мандатите на пратениците и да поднесе заклучок кој после ке треба да се гласа на пленарна седница.
На денешната седница на дневен ред е и точката за изборот на Претседател на Собранието, но истата ќе се одложи до постигнување на договор за новото парламентарно мнозинство каде ќе се распределат и функциите во законодавната и избршната власт.
Денешната конституивна седница се одржува под строги заштитни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот. Пратениците се собрани во големата сала, а медиумските екипи ја следат од помошните комисиски сали на Собранието. При влез во Собрание на пратениците им се мереше температура, се дизенфицираа и следеа посебен протокол со ограничено движење низ собраниските простории.
А. Зеќири