Демократската Партија на Албанците е првата партија која и официјално објави дека ја прифатила понудата од Зоран Заев, да биде дел од новата влада.
Ова го изјави Азем Садику од ДПА, по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржа денеска во Клубот на пратениците. Садику најави дека се формирами и работни групи кои ќе разговарат за детаљите.
„Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата сопретседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседстелот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата и се формирани работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ Љупчо Николовски”, изјави Садику.
Тој истакна дека на денешната средба не се разговарало ниту за ресорите и дека сите детали се оставени на работните групи.
А. З.