„Јас сум оптимист дека ќе имаме Влада многу побрзо од што имавме на минатите избори, па дури сум убеден дека во септември ние ќе влеземе со Влада. Мислам дека најодговорно однесување би било тоа, нас не очекува нов бран на Ковид и ако веруваме на сите зборови кои ни ги ветуваа во предизборието дека интересот на сите политички партии е здравјето на граѓаните, економското обновувањетж тогаш треба посериозно да влезат во ова. Конституирањето на новата Влада е математика, се бројки…Ј“, изјави Алберт Муслиу за Тв24.
„Јас сум прилично сигурен дека Заев ќе ја прави новата Влада. Три опции се, едната е со ДУИ, другата е со Алијанса, третата е и со ДУИ и со Алијанса и евентуално некоја друга група која би потврдила 2/3 мнозинство и многу покомотно влегување и во реформски закони.“, смета Муслиу.