МТСП: Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од денеска, во три групи.
ТРПКОВА: Брзите профити ќе ни ги изедат децата побрзо и од вирусот и од глобализацијата.
РЕЧИСИ 1,5 милиони луѓе во Италија или 2,5 проценти од популацијата развиле антитела против новиот коронавирус. Тоа е шест пати повеќе од официјалните податоци, покажува истражувањето на италијанскиот Институт за статистика и Министерството за здравство..
ХАЈРЕДИНИ: Ако во идната влада се најдат остатоци од режимот од минатото, неизбежни ќе бидат предвремени избори.
ФИЛИПЧЕ: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба.
САНКЦИОНИРАНИ „диви тркачи“ на скопските улици.
ПОРАНЕШНИОТ крал на Шпанија Хуан Карлос Први го известил неговиот син, кралот Фелипе Шести, дека ќе ја напушти таа држава и ќе живее во друга земја, откако во изминатите недели се појавија обвиненија за корупција.
ВО познатата црква Нотр Дам во Париз, вчера почна потфатот за подготовките за обновување и реставрација на симфониските оргули, кои меѓу другото, беа оштетени во пожарот од април минатата година.
КОШАРКАРИТЕ на Лос Анџелес лејкерс го обезбедија првото место во Западната конференција од НБА лигата. Тие ноќеска во Орландо ја совладаа Јута со 116:108 и станаа недостижни за конкурентите за врвот на Запад.
СВЕТСКАТА здравствена организација (СЗО) соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја заврши својата мисија во Кина и порача дека се подготвува да распореди поголема група експерти во областа во која се сомнева дека се појави пандемијата.