Жестоките критики на граѓаните, синдикатите, политичките партии за зголемување на цената на електрична енергија за 7,4 % стигнаа и до Регулаторната комисија, но оттаму велат дека немаат механизам да ја коригираат, пренесува Канал 5.
Од РКЕ велат дека нивна работа е да ја регулираат цената според пријавените трошоци, но ја повикаа државата да изнајде решение да се анулира ова зголемување, а како предлог даваат да се намали ДДВ-то.
-РКЕ одобри регулиран маскимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на дејност, снабдување со електирчна енергија на потрошувачите кои ги снабдува ЕВН со која просечната цена се зголемува за 7,42. Ги повикуваме пратениците и владата да разгледаат решенија и да направат соодветна анализи во однос на ДДВ-то за да се анулира ова зголемување.
Граѓаните велат дека поскапувањето во време на пандемија и економска криза не е логично, а очекуваат да скокаат и останатите цени како домино ефект на оваа одлука.