Лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека неговата партија од денеска ги почнува средбите и разговорите со другите партии, дека ќе се види со сите претседатели на партии од албанскиот политички блок и работните групи и членови на партиските раководства ќе имаат постојани средби на повеќе нивоа додека трае преговорачкиот процес за коалиција и составување парламентарно мнозинство.
Очекува резултати во наредните десет до 15 дена и тоа ќе го соопштат не по секоја средба зашто, како што рече, не ни очекуваат напредок уште на првите средби, но дека за исчекорите јавноста ќе биде известена.
Пред сè, како што рече, ќе ги конструираат контурите на идното парламентарно мнозинство, колку тоа ќе биде стабилно и да гарантира опстојување четири години, како и да се отстранат сите национализми. Низ самиот преговарачки процес, истакна Заев, ќе утврдиме во кој правец треба да ги градиме идните политики.
– Да оставиме да покаже времето со кој ќе можеме да направиме коалиција за изборите. Прво парламентарно мнозинство кое ќе ја сочини владата. Секако, јас сум политичар, разумен човек. Граѓаните преку гласањето ги даваат правците и очекувањата. Фала богу, коалицијата предводена од СДСМ може да формира Влада и со ДУИ и со Алијанса и Алтернатива. Зависи од отстранувањето на национализмите, зависи од цела една разработка за расчистување на правосудството, проверка на имотот, капиталот на секој политичар и функционер кој ќе биде избран, кадровскиот потенцијал, пред сè за правните, но и за економските аспекти на државата. Ќе ги разгледаме сите можности, добро ќе одвагаме и ќе ја донесеме одлуката. Сите опции се отворени во текот на овој преговарачки процес, истакна Заев, одговарајќи на прашање дали сè уште мисли дека ДУИ треба да оди во опозиција по 18 години и дека нивниот глас „не вреди ни пет пари на пзарот на гласови“