ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ со осуда против насилството и делата од омраза

August 5, 2020 13:11
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ најостро го осудува секој акт на насилство, а особено актите кои произлегуваат од омраза кон неистомислениците или кон припадниците на различни заедници. Организацијата го осудува насилството врз претседателот на организацијата ЛГБТИ Јунајтет од Тетово, Беким Асани и бара од надлежните институции да ги пронајдат и санкционираат напаѓачите.

– Говорот на омразата и делата од омраза се меѓусебно поврзани и претставуваат закана за човековите права и слободи, но и за развојот, безбедноста и стабилноста на едно демократско општество. Говорот на омразата кон „поинаквите“ често води кон дела од омраза кои се забранети и се санкционираат според Кривичниот законик. Насилството е неприфатливо и недозволено во едно демократско општество. Физичкото, но и вербалното насилство, омразата и клеветењето, оркестрираните хајки кон луѓе, поради тоа што се различни. За жал, во нашето општество, подолго време се негува култура на неказнивост. И покрај напредокот во областа на правата на ЛГБТИ заедниците, сè уште постојат сериозни предизвици, се вели во соопштението од ЦИВИЛ.

Посочуваат дека ЦИВИЛ отсекогаш била и ќе биде организација што стои во одбрана на правата на ЛГБТИ заедниците и континуирано бара подобрување на нивните права со конкретни политики и практики кои институциите се должни да ги преземат.

– Не смее да има неказнивост за ништо, а тоа подразбира и укинување на неказнивоста за дела од омраза против ЛГБТИ заедниците. Должност на државата и институциите е да ги применат Законот за заштита од дискриминација и говор на омраза за сите подеднакво. ЦИВИЛ како организација секогаш ќе стои во одбрана на човековите права и слободи, а тоа подразбира и правото на сексуална ориентирација, правото на слободата на изразувањето и правото на праведен и слободен свет, се наведува во соопштението.

Наместо страв, омраза, дискриминација, ЦИВИЛ повикува на хуманост, солидарност и прифаќање дека сите поединици, независно од нивната родова, верска или етничка припадност, социјален статус, сексуална ориентација или друга припадност, идентитет или карактеристика.

– Сите имаат право на достоинствен живот, а сите ние како дел од општеството имаме должност да бидеме солидарни и да ги штитиме човековите права и слободи на сите. Институциите се должни да негуваат култура на прифаќање и да се борат против стереотипите и предрасудите, посочуваат од ЦИВИЛ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk