ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Холштајн на седница на Владата ги презентираше приоритетите на германското претседателство со ЕУ

August 5, 2020 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Заедничко справување со Ковид-19 и проширувањето со подготовката на рамката за пристапни преговори со Северна Македонија се врвните приоритетите на германското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на 2020 година, кои денеска на 79. седница на Владата ги изнесе амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн.
-Особено значајно за Северна Македонија е што посебен дел од програмата е посветен и на политиката за проширување на ЕУ со кредибилна перспектива за пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан како заеднички интерес и за регионот и од интерес на ЕУ. Во таа насока активно се подготвува рамката за преговори за Северна Македонија и Албанија, земајќи ја предвид новата методологија за проширување, а според Германија, рамката за преговори не треба да се усложнува со билатерални прашања кои останува да се решаваат меѓу засегнатите земји одделно, истакна германската амбасадорка.

Холштајн во презентацијата на приоритетите како најзначајни ги издвои координирањето на заложбите на ЕУ за надминување на заканите од пандемијата со КОВИД-19, економското закрепнување и постигнувањето согласност за повеќегодишната финансиска рамка и за фондот „ЕУ во следната генерација“, стабилизирање на соседството, напредок во проширувањето, партнерството со Африка и заедничката позиција за Кина.

Меѓу приоритетите, нагласи амбасадорката Холштајн, се и завршните преговори и идните релации со Обединетото Кралство, напредокот на зелената и дигиталната трансформација на ЕУ, јакнење на европската солидарност и социјална кохезија, прогресот во политиките на ЕУ за миграциските и прашањата за азил, јакнењето на владеењето на правото како клучна основа на ЕУ и зајакнувањето на капацитетите на ЕУ во надворешната политика за делување на глобално рамниште.

Премиерот Оливер Спасовски се заблагодари за учеството на амбасадорката Холштајн на седницата со која се потврдуваат заложбите на Владата на Република Северна Македонија за стратешката насоченост кон европска интеграција, преку интензивна и динамична работа со сите чинители и засегнати страни.

Спасовски го истакна фактот дека еден ден по преземањето на претседателството со Советот на Европската Унија од страна на Германија беше објавена преговарачката рамка на ЕУ со нашата земја, и со тоа оваа земја покажа дека континуирано прави големи чекори и клучни одлуки со кои го препознава извонредниот напредок и смелите чекори во добрососедските односи и реформите што Северна Македонија ги презеде во изминатите три години.

-Сојузна Република Германија го презема претседавањето со Советот на ЕУ во исклучително значаен период. Ние очекуваме и веруваме дека до завршувањето на вашето претседателство со Советот на Европската Унија ќе се одржи Првата меѓувладина конференција, на кој начин ќе се означи и официјалниот старт за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, а во таа насока, охрабрува и изјавата на Канцеларката Меркел дека тоа е и целта на Германија, рече Спасовски на седницата на Владата.

На крајот од овој дел на денешната 79-та седница Спасовски, во име на Владата се заблагодари за презентацијата и ѝ посака на СР Германија успешно претседавање со Советот на ЕУ. Тој изрази очекување дека ова ќе биде историско претседавање заради исклучителната важност на приоритетите, како и заради историската можност за Република Северна Македонија да ги започне преговорите по поглавја за членство во ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Влада: БДП за првиот квартал од 2020 година забележа годишен раст од 0,2%, стапката на невработеност е 16,2%

НАЈНОВО

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Движење Слободни и независни: Ниту се фер, ниту се демократски локалните избори

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk