ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Движење Слободни и независни: Ниту се фер, ниту се демократски локалните избори

October 10, 2025 15:58
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни) претставено од ПП Работничка партија Скопје сака да ја информира јавниста, Државната изборна комисија и сите странски амбасади и мисии за сериозните системски проблеми кои ги уриваат основите на фер изборен процес, а кои директно влијаат врз правото на граѓаните да изберат информирано и слободно. Денеска, пред седиштето на Државната изборна комисија (ДИК), одржавме прес-конференција на тема „Недемократски и нефер локални избори 2025 во Македонија – Загрозување на демократските принципи и еднаквоста на кандидатите“. Оваа иницијатива е одговор на сериозните системски проблеми кои ги уриваат основите на фер изборен процес, а кои директно влијаат врз правото на граѓаните да изберат информирано и слободно, стои во соопштението на ова Движење.

Соопштението го пренесуваме во целост:

1. Енормните трошоци за кампањата – преку 20 милиони евра, колку годишен буџет на една скопска општина

Сите партии заедно ќе потрошат преку 20 милиони евра во оваа кампања, што е сума еднаква на годишниот буџет на една просечна скопска општина. Владејачката коалиција и опозицијата заедно делат по 2,5 милиони евра од државниот буџет за медиумска кампања, а малите партии и независни кандидати се ограничени на само 700 евра за цела кампања. Овие пари, наместо да се инвестираат во реални проекти за граѓаните, се расипуваат на партиски пропаганди, оставајќи ги општините во долгови и без суштински развој. Оваа екстраваганција е срам за демократијата и бара транспарентност и контрола од ДИК.

Кампањата се одвива во застарен формат, со „смешни видеа и неискрени пораки, далеку од реалноста на граѓаните“.

Како пример, беше посочено мотото на ВМРО-ДПМНЕ „Прво човек, потоа градоначалник“, кое според коалицијата „симболично повикува на клиентелистички договори и поткопување на институционалната независност“.

„Такви пораки ја враќаат јавната свест кон старите коруптивни практики, наместо да поттикнат вистински реформи,“ истакна  Владимир Куновски, кандидат за градоначалник на Скопје од  Работничка партија. Укажано беше и на отсуството на реални, мерливи и временски дефинирани програми кај големите партии.

„Повеќето предлози личат на детски есеи без рокови и буџетски рамки. Кандидатите избегнуваат јавни соочувања токму затоа што немаат што да одбранат,“ беше посочено на настанот.

2. Отсуство на соочување на јавниот сервис МТВ и недоѓање на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ на другите телевизии

Јавниот сервис МТВ, кој има обврска да обезбеди рамноправна платформа за сите кандидати, сè уште нема организирано телевизиско соочување за скопските општини, вклучително и за град Скопје. Оваа пасивност е дополнително загрижувачка со оглед на тоа што кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ систематски одбиваат да учествуваат на дебати на приватните телевизии, бојкотирајќи го демократскиот дијалог и спречувајќи ги граѓаните да ги споредат програмите и ставовите на сите учесници. Посебно беа критикувани јавниот сервис МТВ и АВМУ поради откажување на соочувања меѓу кандидатите, вклучително и планираниот ТВ-дебатен дуел за Чаир, меѓу Изет Меџити, Бујар Османи и адвокатот Ицо Колевски, кандидат предложен од Работничка партија.

3. Неможноста на малите партии и независни кандидати да ја претстават својата програма на медиумите

Малите партии и независните кандидати се соочуваат со сериозни бариери во пристапот до медиумите, што ги спречува да ги презентираат своите програми и визии пред граѓаните. Оваа исклученост го намалува плуралитетот на гласови, ја поткопува легитимноста на изборниот процес и остава граѓаните без вистински избор, фаворизирајќи ги доминантните сили кои монополизираат просторот за комуникација.

Овие проблеми не се изолирани – тие се дел од пошироката слика на нееднаквост, каде големите партии монополизираат медиуми и ресурси, а малите партии и независните кандидати се маргинализираат. Граѓаните заслужуваат фер избори, а не спектакл за партиски елити. Бараме од ДИК и АВМУ итно да ги ослободат просторите за дебати во МТВ, да ја регулираат распределбата на бесплатните реклами и да ги казнат сите повреди на изборните правила.

Остануваме посветени на борбата за вистинска демократија. Ќе продолжиме со активности за да обезбедиме дека гласот на секој граѓанин биде слушнат рамноправно. За истото, ќе биде известена и мисијата на ОДИХР, за да се обезбеди меѓународен надзор врз овие повреди.

Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни) е составено од долгогодишни граѓански активисти препознатвиви преку здруженија Но Пасаран, Човекот над профитот и Превентива. Политичкото крило на Движењето е претставено од ПП Работничка партија Скопје.

Next Post

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk