„Претседателот не чувствува потреба да им се извинува на поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство, затоа што неговата оценка за поранешното СЈО од говорот по повод 2 Август-Денот на Републиката, Илинден, воопшто не се однесува на вработените“, е одговорот што Лидер го добил од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.
„Оценката се однесува на првиот човек во тоа обвинителство, која беше единствена овластена да покренува обвиненија во име на СЈО и која подоцна заврши како обвинета и осудена во прв степен“, објасниле од Кабинетот на претседателот.
„Наште граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распоадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал“, е спорната изјава на Пендаровски за која се побунија поранешните вработени во СЈО, што тој ја даде во обраќањето од Пелинце по повод чествувањето на празникот Илинден.