ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ти ли си тој „педер“?!

August 5, 2020 12:44
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Беким го запознав во „Кампот на слободата“. На територијата од Кампот ние активистите од „Ајде“ бевме заедно со ЛГБТИ клубот и активистите, или бевме едно те исто, сè едно. Нему му завршуваше дежурството, моето почнуваше. Тогаш го запознав и Горан и куп друг убав народ. Круна на денот беше кога Ирена ни донесе поздрав од Мерсиха – највкусен поздрав што дотогаш го бев вкусил. Беше тоа време предвесник на ослободувањето по кое копнеевме, зачеток на една убава приказна за која има уште многу да се бориме за да се избориме.

Вчера, Беким Асани беше физички нападнат од двајца напаѓачи, затоа што е геј и ЛГБТИ активист. Нападот се случил во Тетово, во непосредна близина на канцеларијата каде работи.

– Ти ли си тој педер?! – биле зборовите кои претходеле пред двајцата насилници да го нападнат и удираат Беким со боксови по лицето и телото. За среќа Беким сега е добро.

Беким имаше среќа овој пат.

Овој пат?!

Не знам дали ќе му останат лузните на лицето, но лузни после вакви атаци поради различна сексуална ориентација, во нашето секојдневие ќе останат сигурно.

Оној пат, пак, бааѓи посеверно од Тетово, во Ливерпул, исто во август месец, ама 2008 година, Мајкл Каузер за жал ја немаше таа среќа и нападот врз него заврши со смртни последици.

Во најблискиот викенд до 2-ри август во градот Ливерпул во Англија, со парада што трае цел викенд, се одбележува ЛГБТИ културата – Liverpool Pride. Втори август е денот кога во 2008 година починало осумнаесетгодишно момче од Ливерпул Мајкл Каузер кое било геј.

По завршувањето на куќна забава, утрото на 25 јули 2008 година, Мајкл бил навредуван и физички повреден поради неговата сексуална ориентација. Мајкл починал на втори август во Волтон центарот за неврологија и неврохирургија, откако му била извршена итна операција на мозокот. Тој имаше 18 години во моментот на неговата смрт.

Според доказите насилството почнало кога напаѓачите на Мајкл нашле сексуално експлицитни слики од него на неговиот мобилен телефон додека тој спиел горе во куќата каде што се одржувала забавата. Брутално повредуван додека Каузер спиел, двајцата напаѓачи го оставиле со скршеница на черепот и отечен мозок.

„Ти мал педеру. Ти си мало педерче и го заслужуваш ова, викале напаѓачите, додека го удирале, палеле делови од неговото тело со запалка за цигари и се обидувале со нож да му го извадат пирсингот.

Еден од напаѓачите е осуден на доживотен затвор, а другиот добил помала затворска казна.

Одма после погребот, организиран е фонд за поддршка за семејството на Мајкл Каузер. Благодарение на тоа што непрестано пристигнувале парични средства за поддршка, се оснива „Фондацијата Мајкл Каузер“, Главна цел е поддршка на младата геј популација во северозападна Англија. Во 2010 година во Ливерпул е организирана првата официјална Парада за поддршка на ЛГБТИ заедницата, поддржана и од градските власти. Во 2013 година на Парадата на гордоста во Ливерпул учествуваат рекордни 75.000 луѓе.

Приказната за парадата на гордоста во Ливерпул не завршува само на масовната поддршка и посветеност на властите, туку продолжува и преку симболите на градот од поп-културата и од спортот.

Енфилд – Стадионот на ФК Ливерпул со транспаренти меѓу кои и од „Kop Outs“, геј фан клубот.

Актуелниот Светски, Европски и Англиски шампион – фудбалскиот клуб Луверпул, за време на Парадата го бои својот клубски аблем во боите на виножитото, така беше и овој викенд пред втори август. Постои и навивачки геј фан клуб на фудбалскиот клуб Ливерпул. „Kop Outs“ е името на геј фан клубот на шампионот на Европа. Транспарентот на „Kop Outs“ деновиве гордо стои на трибините од Енфилд рамо до рамо со сите позначајни аблеми и транспаренти од фан клубовите поддржувачи на Ливерпул. Постои силна посветеност и ангажираност кај сите членови, не само кај фудбалерите, туку кај сите членови од клубот Ливерпул во борбата против расизмот и за толеранција на различностите по секој основ. Ливерпул, за разлика од другите поголеми градови во Англија, освен спорадични обиди кои завршувале неуспешно, се до трагичната 2008 година, немале Парада на гордоста. Но, не застанува тука борбата.

Аблемот на ФК Ливерпул во боите на виножитото како поддршка за Парадата и правата на ЛГБТИ+ Снимка од екран од официјалната ФБ страница на ФК Ливерпул.

Фактот што од околу 114.000 реакции има повеќе од 23.000 дислајкови на објавата од аблемот во боите на виножитото од официјалната страна на ФК Ливерпул на фејсбук, како што коментира и извесен Брендон Вуд – имаме уште долг пат за одење, но она што го прави клубот, е одлично трасирано.

Парада на гордоста во Ливерпул која оваа година се одржа он-лајн, за жал времено се поклопува со нападот врз нашиот Беким. Навредите, говорот на омраза и нападите врз геј и сите други ЛГБТИ лица за жал се секојдневие насекаде во светот, но ние ја имаме шансата да го пресретнеме тоа. Можеме, низ едукација, дијалог, комуникација да помогнеме да се надминат тие изветвени предрасуди кои осудуваат некого само поради сексуалната ориентација. Кога можеле најжустрите навивачи од „Коп“ да се гордеат со својот аблем облечен во боите на виножитото и толеранцијата, како поддршка на ЛГБТИ заедницата, сигурен можеме и ние.

Ние ја имаме таа среќна шанса да не дозволиме слична трагедија како таа во Ливерпул да ни биде причина и повод за да ја славиме толеранцијата и различноста.

Можеме и без тоа.

 

 

Next Post

АЕК: Постапка за 5Г до крај на годината преку аукција, поединечни одобренија за сите опсези

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk