ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Експлозијата во Бејрут не е либанска Хирошима, туку Чернобил

Мартин Фајфер од Универзитетот Њу Мексико за „Бизнис инсајдер“ ја коментираше експлозијата и рече дека не може да биде нуклеарна бомба, но оти пожарот довел до детонација на хемикалии или некој експлозивен материјал.

August 6, 2020 16:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е национална катастрофа, никогаш во животот не сум видел волку голема катастрофа, рече со солзи на гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, обраќајќи им се на новинарите меѓу урнатините на пристаништето во Бејрут, уништени од страотната експлозија во која загинаа најмалку 135 лица.

Со уште 80 исчезнати и повеќе од 5.000 повредени, се претпоставува дека бројот на загинати ќе се зголеми.

Околу 30.000 жители на либанскиот главен град останаа без покрив над главата, што е речиси 10 проценти од Бејрут и околината.

Болниците во кои се сместени илјадници повредени веќе се преполни со луѓе заразени со Ковид-19 и страдаат од недостиг на медицински материјали, а голем број се и оштетени од експлозијата.

Иако во последните десет години Либан беше погоден од војни и тероризам, катастрофата што се случи во вторникот вечерта, според досегашните информации, не е последица на воен или терористички напад.

Гувернерот Абуд го спореди уништувањето со она во Хирошима и Нагасаки на крајот од Втората светска војна, иако во овој случај тоа не беше атомска бомба.
Таквите шпекулации беа предизвикани од облакот од експлозијата во облик на печурка и големиот бран експлозија што се прошири со километри.

Сепак, експертите брзо ги отфрлија таквите теории.

Мартин Фајфер од Универзитетот Њу Мексико за „Бизнис инсајдер“ ја коментираше експлозијата и рече дека не може да биде нуклеарна бомба, но оти пожарот довел до детонација на хемикалии или некој експлозивен материјал.

Посоодветна споредба би била таа со украинскиот, односно советскиот Чернобил во 1986 година, пишува либанско-британскиот новинар Оз Катерџи за „Форин Полиси“.

– Како и советската катастрофа, така и либанската е резултат на сериозна неспособност, системска корупција и небрежност – и нејзиниот ефект ќе биде многу поширок од почетната експлозија. Како и либанскиот здравствен систем, целата земја беше на работ на пукање дури и пред експлозијата, пишува Катерџи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Србија 299 новозаразени со коронавирусот, починале седум лица

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Експлозија во Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

October 10, 2025

Мачадо по Нобеловата награда: Слободата за Венецуелците е на дофат

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk