На ТОАРИЛУЦ е изведена нова хируршка интервенција без отворање на рбетниот столб, известува министерот за здравство Венко Филипче.
Тој потенцира дека со оваа интервенција се штеди ткивото, има помала постоперативна болка и помала можност за инфекција.
– Пациентот порано се пушта на домашно лекување, што претставува големо олеснување за пациентите, а ќе има и заштеда во буџетот на установата. Огромна благодарност за стручноста на д-р Илир Хасани и целиот медицински тим од установата. Гордост сте!, напиша на ФБ министерот Филипче.
Ј. Ѓ.