Лидерот на Алтернатива Африм Гаши ја отфрли можноста да се растури коалицијата со Алијансата за Албанците на Зијадин Села, вечерва во емисијата Само интервју на Канал 5.
-Ние заедно сме барале гласови на избори и заеднички го црпиме легитимитетот, не знаеме кој колку гласови има, јас не газам над тој легитимитет и по цена на живот, моралот е битен – изјави Гаши.
Гаши дури ја остави отворена опцијата да спојување на двете партии во еден субјект, иако истакна дека се уште не е разговарано за тоа.
-За претопување во еден субјект не сме разговарале, не е тоа лошо ако течат работите, ако активистите се зближат, има повисоки цели… Сплотување ако дава резултат, зошто да не – рече Гаши.