Генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа, во колумна за весникот КОХА, вели дека треба да има и албански партии во опозиција.
„Според одлуката на суверениот, Албанците мора да имаат опозициска опција. Додека јас лично можам да кажам дека ако сите албански партии сакаат да станат дел од Владата, јас би лобирал со целосно убедување во политичкиот субјект каде што делувам, движењето БЕСА, и покрај фактот дека ние сме победник и дека го обезбедивме мандатот на коалицијата „Можеме“, да ја разгледаме можноста со нашите пратеници да преминеме во опозиција и да не дозволиме Албанците да останат без опозиција во земјава“, вели Хоџа.