Американската престолнина денеска објави прокламација со која 2 август се прогласува за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон.
Прокламацијата е донесена по иницијатива на Обединета македонска дијаспора (ОМД), организација на иселениците Македонци кои живеат и работат во САД, и потпишана од градоначалничката Мјуриел Бaузер.
-Иако беше побарано уште пред еден месец, од нејзината канцеларија се извинија што малку задоцнија, поради зафатеност околу вонредната ситуација со Ковид-19 во САД, изјави за МИА Мето Колоски, претседател на ОМД.
Македонците во Вашингтон и насекаде низ земјата, вели тој, се посебно горди за признанието што го дава една од најважните политички институции во Америка, главниот град на САД.
-Додека, македонските Американци имаат богато и традиционално искуство во уметноста, архитектурата, поезијата, музиката, и танците; и додека, македонските Американци прават вредни придонеси во многу аспекти на животот вклучително и во бизнисот, правото, медицината, образование, технологија, влада, воена служба, спорт, и култура;
-Додека, македонските Американци се придружуваат на заложбите за мирно и разновидно општество каде секој поединец е третиран еднакво: Сега, затоа, јас, градоначалничката на Вашингтон, го прогласувам 2 август 2020, во Вашингтон, како „Ден на македонско- американското наследство“, се вели во прокламацијата.