ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва во квалификациската група

October 10, 2025 23:03
in ДЕНЕС, СПОРТ
ФОТО: ФФМ

ФОТО: ФФМ

Share on FacebookShare on Twitter

Македонската фудбалска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако вечерва одигра нерешено 0-0 против Белгија на гостувањето во Гент и остана првопласирана во квалификациската група Ј.

Првото полувреме, според очекувањата, донесе целосна офанзива на Белгија, но македонската одбрана беше на висина на задачата.

Белгискиот тим во првиот дел имаше 81 отсто посед на топката, но ниту еден удар во рамките на голот на Димитриевски.

Второто полувреме донесе иста слика на теренот на Планет арена во Гент, но Димитриевски ги одбрани сите опасни удари кон неговиот гол кои ги упатија Доку, Де Брујне, Онана и Опенда и беше најзаслужен за освоениот бод со кој македонската репрезентација остана на чело во групата со 12 бодови, еден повеќе од Белгија, која има натпревар помалку, а два бода повеќе од третопласираниот Велс.

Октомврискиот циклус во мундијалските квалификации македонските фудбалери ќе го заокружат в понеделник кога на Арената „Тодор Проески‘ во Скопје ќе го пречекаат Казахстан, кој денеска ја забележа втората победа во групата Ј, совладувајќи го Лихтенштајн со 4-0, додека Велс ќе ја пречека Белгија во Кардиф.

Next Post

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи одлуката и одреди притвор за сопственикот на „Марковски компани“

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk