ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За етницитетот, кастите и лажните авторитети

August 7, 2020 13:22
in МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Етничката припадност доби ново, повеќеслојно значење во Македонија. Етничката припадност стана дел од голем број (да не речам сите) останати идентитети на граѓаните на Македонија, ги обликува, им дава боја, а по потреба и потполно ги заменува.

Во Македонија не може да си само политичар. Мора да бидеш политичар Македонец, Албанец, Ром, Турчин, Србин, …

Не си пратеник кој ги претставува граѓаните, туку си пратеник кој ги претставува Ромите, Турците, Србите, Албанците, Македонците.

Не си министер кој раководи со одредено министерство, туку си Србин, Тучин, Албанец, Македонец, Ром кој добил во владеење одредено министерство кое треба да работи во интерес на етничката група која ја претставуваш.

Кога се вработуваш, кога напредуваш кариерно, кога стануваш директор или амбасадор или член на Управен одбор, или заменик министер или …, не се вработуваш, напредуваш кариерно, стануваш директор или амбасадор или член на Управен одбор, или заменик министер или … затоа што си  најсоодветен кадар за тоа место, туку затоа што припаѓаш на одредена етничка заедница.

Етницитетот во Македонија не значи едноставно дека заради своето раѓање си поврзан со одредена група луѓе со јазикот, културата, историјата, традицијата, туку дека си приморан јавно и во секоја можна ситуација да се декларираш како таков, приморан си да припаѓаш на соодветна партија, приморан си да застапуваш интереси само на конкретна група, приморан си да застанеш на страна на етничката група на која и припаѓаш, приморан си да бидеш дел од играта на броење и делење и мерење на должината и силење и постојано призивање на духовите на минатото, приморан си да припаѓаш на етничката каста во која си се родил.

Институтот правична застапеност во Македонија е доведен до апсурд кој ги брише идеологиите, ги брише различните вредности кои ги застапува одредена група граѓани, го брише индивидуалното, и одново и одново ја наметнува психологијата на колективитетот.

Во моментот кога присуството на претставниците од различни етнички заедници во власта можеше да биде постигнато единствено со постоење на етнички дефинирани партии, ние  граѓаните на Македонија ја изгубивме битката за граѓанска држава, за индивидуални права, за напредок кој може да се базира единствено врз максимално и најсоодветно искористување на целокупниот интелектуален и професионален капацитет на државата.

Во моментот кога ќе разбереме дека етничката припадност е многу приватно, многу лично  нешто кое е само еден меѓу мноштвото идентитети на еден човек, и кога ќе ги демаскираме партиските манипулатори кои ја наметнаа играта во која етничката припадност е главен адут со кој се освојуваат најголем број поени, во тој момент ќе можеме да ја почнеме борбата со корупцијата, непотизмот, градежната и ѓубрарската мафија, со локалните газди и лажните авторитети (кои не можат да понудат ништо освен етницитетот и можат да постојат единствено во затворениот етнички круг).

До тогаш најважно нешто ќе биде дали министерот ќе биде Македонец или Албанец, дали натепаниот е Албанец, а напаѓачот Македонец или обратно и дали училиштето кое нуди најнеквалитетно можно образование носи име на македонски или албански или турски или српски или ромски… лик од минатото.


Тесктот е личен став на Авторката./ извор ЦИВИЛ Медиа 
Next Post

Првото шибенско-македонско пиво во чест на кардиохирурзите кои ја извршија првата трансплантација на срце во државава

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk