ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Масовен грабеж во Чикаго, на терен 400 полицајци, уапсени над 100 лица

Во немирите повредени се најмалку 13 полицајци. На околу 400 полицајци им биле потребни околу четири часа да ја стават ситуацијата под контрола, при што се приведени околу 100 лица.

August 10, 2020 22:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Стотици луѓе денеска „го нападнаа“ трговскиот дел на Чикаго, каде се сместени голем број брендирани продавници, хотели, ретсорани и луксузни бутици. Кршеа прозорци, ограбуваа продавници, конфонтирајќи се со полицијата, а во еден момент дури и иницираа престрелка со силите на редот, соопштија локалните власти.

Black Lives Matter had a meetup in Chicago over the weekend. pic.twitter.com/KsN4jpTTAv

— Mark Dice (@MarkDice) August 10, 2020


Повеќе од 100 лица беа уапсени заклучно со 9 часот изутрина, по локално време, соопшти началникот на чикашката полиција Дејвид Браун. Тринаесет полицајци се повредени за време на немирите, меѓу кои и еден наредник кој бил погоден од шише. Еден цивил и еден припадник на приватно обезбедување се повредени од огнено оружје.

Началникот Браун оцени дека станува збор за „чист криминал“, а градоначалничката Лори Лајтфут нагласи дека инцидентот се разликува од „оправданиот бунт“ по смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од страна на полицијата на 25 мај.

– Ова не беше организиран протест. Ова беше чист криминал, рече Браун на прес конференцијата. – За тоа не може да има некакво оправдување, дополни градоначалничката Лајтфут.

Во немирите повредени се најмалку 13 полицајци. На околу 400 полицајци им биле потребни околу четири часа да ја стават ситуацијата под контрола, при што се приведени околу 100 лица.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од искршени излози и луѓе како бегаат со полни раце стока. Повеќето инциденти се случиле на Авенијата Мичиген, во луксузната трговска зона позната како Величенствена милја.

Масовниот грабеж почнал по објавите на социјалните мрежи во кои се поттикнувало на грабежи во центарот на градот.

Браун посочи дека повикот на социјалните мрежи уследил по тензиите кои избија откако полицајците пукале во вооружено момче. Додека полицијата го испитувала 20-годишниот осомничен, тој побегнал, пукајќи кон полицајците кои го гонеле. Полицајците возвратиле и го погодиле. Тој е во болница и се очекува дека ќе преживее, прецизираше Браун. – По пукањето, се собра народ… Предвечер страстите се разгореја, поттикнати од дезинформации. Поради објавите на социјалните мрежи, во тоа подрачје се испратени 400 полицајци, а беа пречекани од каравани луѓе кои пристигнале со автомобили.

Градоначалничката, исто така, потенцираше дека не се потребни федерални трупи за да воспостават ред во градот.

– Не ни се потребни федерални трупи. Точка. Потребна ни е контрола на оружјето, рече градоначалничката која е од редовите на Демократската партија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Надал: Ги почитувам тенисерите кои решија да играат на УС Опен, може им требаат пари

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk