ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025 23:25
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Родителите и блиските на 62-та загинати во пожарот во „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, од утре ќе започнат со мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“.

Одлуката ја најавија на денешниот 26. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата. Причината, како што рекоа, се изјавите на адвокати на обвинетите дека судскиот процес може да трае и од 10 до 15 години.

„Оваа изјава е срамна и понижувачка за семејствата чии деца ги загубија животите. Звучи како обид да се подготви јавноста за одолговлекување и заборавање. Ние тоа нема да го дозволиме“, изјави мајка на едно од загинатите девојчиња пред новинарите, пренесе МИА.

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Јавните собири и блокадите ќе траат по еден час секој ден, од 15:15 до 16:15 часот, и ќе продолжат сè додека не започне судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Родителите побараа зголемување на капацитетот на судскиот состав со дополнителни судии и судски соработници за да не се одолговлекува постапката. Тие инсистираат рочиштата да добијат приоритет и континуитет, без непотребни одложувања и технички изговори.

„Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука на кружниот тек секој ден, сè додека не почне судењето. Животот на едно дете вреди повеќе од нечии интереси и адвокатски игри“, порачаа членовите на семејствата кои ги загубија своите најблиски.

Денешниот „Марш за ангелите“ започна и заврши во Паркот на Револуцијата, со кратка блокада на кружниот тек пред двојниот мост – токму на местото каде што од утре ќе се одржуваат протестите.

Реакција од Обвинителството и Адвокатската комора

По реакциите на родителите, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски упати отворено писмо до Адвокатската комора, предупредувајќи дека дел од адвокатите на обвинетите изнесуваат коментари за предметот без да се запознаени со обвинението, доказниот материјал или планот на Судот.

Во писмото, Коцевски посочува дека некои адвокати настапуваат како „непристрасни експерти“, без да појаснат дека всушност се бранители на обвинетите и ги застапуваат нивните интереси.

Од Адвокатската комора денеска соопштија дека дописот од државниот обвинител сè уште не пристигнал. Откако ќе го добијат и разгледаат, ќе излезат со официјален став и реакција.

 

Tags: КочаниМарш за ангелите
Next Post

Експлозијата во Тенеси однесе најмалку 16 животи – истрагата сè уште трае

Shortcut

Најново

Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk