ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тајните на хороскопските знаци кои ни самите себеси не би си ги признале

August 12, 2020 22:11
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Секој хороскопски знак има свои предности и недостатоци, но и многу несигурности. Секој има некои претпоставки за хороскопските знаци, како на пример дека Бикот е тврдоглав, а Лавот го сака вниманието. Но, секој астролошки знак крие многу повеќе од она што може да се види на почетокот, затоа што сите ние имаме свои тајни и несигурности со кои треба да се соочиме. Откријте ги најголемите несигурности кои припадниците на хороскопските знаци би сакале да ги скријат засекогаш во себе.

Овен

Вие сте познати како воин и борец за своите верувања и мислења – тоа е она што го гледа светот, затоа што токму тоа го покажувате со страст. Но, вашата тајна е дека длабоко во себе воопштно не сте така самоуверени како што настапувате – ни одблиску, и се чувствувате како најголем светски измамник.

Бик

Вие сте човек за кого е клучен безбеден и стабилен дом, кој сами сте си го обезбедиле и уживате во него. Но, и покрај вашиот посветен напор, работа и размислување, вашата тајна е дека длабоко во себе мислите дека не правите сè што можете и дека насмевката што ја носите на лицето е само маска.

Близнаци

Близнаците се душата на секоја забава и иницијатори за комуникација. Овој хороскопски знак ги охрабрува сите околу себе да ја прифатат својата природа и да бидат тоа што се. Но, тајната е дека сами за себе мислите дека животот честопати ви е пред распаѓање и на парчиња, и колку повеќе се обидувате да ја прифатите сопствената природа, толку се полоши работите.

Рак

Иако имате вродени родителски вештини и цврсто верувате во градењето силни семејни корени, целата идеја за традиционалното семејство и традиционалниот живот е голем предизвик за вас, без оглед колку ви се исплати. Вашата најголема тајна е тоа што навистина не сакате да имате деца.

Лав

Секој ве гледа како самоуверена личност која зборува смело и делува исто како што се чувствува, но вашата тајна е дека всушност сакате поедноставен живот со помалку драма и тешкотии и зад сцената сте едноставна личност со едноставни потреби.

Девица

Аналитични и рационални, тие се лојални партнери и пријатели. Но, иако сте господари во помагањето на другите, вашата тајна е дека не знаете како да им дозволите на другите да ви помогнат на вас, без да се чувствувате виновни или да се срамите од тоа.

Вага

Вие сте создадени за да постигнете ред и хармонија, како во вашиот живот, така и кај вашите најблиски. Но, вашата голема тајна е дека животот всушност ви е хаос, а не хармонија.

Скорпија

Иако сте познати како магнет за луѓето и често имате длабоки врски со другите, тајната на припадниците на овој знак е дека тие честопати се стремат кон осаменост и обожаваат да поминуваат време сами, онака како што сакаат.

Стрелец

Вие сте познати како голем ризикувач, сонувач, оној кој сака авантури. Вашата тајна е дека сте во постојан страв и загриженост – дали сте направиле грешка некаде, дали донесовте добра одлука, дали сте избрале правилно…

Јарец

Вашиот живот се сведува на структура, долгорочни цели и планови, кои честопати им ги наметнувате и на другите. Но, твојата тајна е дека често би сакале да бидете повеќе спонтани и помалку оптоварени, но не знаете како.

Водолија

Додека вие сте крајниот трагач по вистината и се борите за правда на оние околу вас, криете тајна од сите – дека оваа борба е исцрпувачка и заморна за вас.

Риби

Вие сте сонувач и исцелител, и ако некој близок до вас страда, вашиот прв порив е да му ги „залечите“ раните. Но, тајната што ја криете од другите е дека секој ден сте под огромен притисок да го постигнете она за што сонувате и како суперхерој да ја лечите тагата и болката на вашите најблиски.

Извор: Слободен печат

Next Post

Штедачите во Еуростандард банка до 30.000 евра ќе бидат целосно обесштетени, оние со над оваа сума, пари ќе чекаат од стечајната постапка

НАЈНОВО

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025
Скриншот

Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk