пишува: РИБАРО
По походот на мицковите пратеници кон претседателската палата на Водно, за да се жалат зошто Пендаровски му го дал мандатот на Заев да формира Влада, и после честитката на американската амбасадорка Брнз кон Заев за доделениот мандат, извори на АХА од белата палата информираат дека за деновиве Мицкоски спремал поход и кон Американската амбасада на Калето.
– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.
Congratulations to @Zoran_Zaev on the mandate to form a government in North Macedonia & we look forward to working with the new government once it is formed. As a new #NATO member we support the country’s dedication to democratic principles, the rule of law & its European future.
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) August 13, 2020
– Како нова членка на НАТО, ние ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина, додава Брнз во твитот, кој беше директна провокација за Мицковата нервоза.
Но, како што јавуваат изворите, овој поход кон Калето најверојатно од објективни причини ќе биде одложен.
Пратеникот Муцунски уште одма пријавил дека имал сообраќајка со неговиот електричен тротинет при што си го олцнал малото ножно прсте. На болки во пределот на колената се пожалила пратеничката Гордана Силјаноска, која наведува дека повредите ги стекнала при Твист перформансот кој го имала како загревање пред вчерашното качување до претседателската палата на Водно. Потпреседателот Александар Николовски, пак, се пожалил на проблеми со респираторниот систем и болку во абдоменот. Самиот Мицко, како што може да претпоставите од неговата очигледно добра физичка подготвеност, немал никаков проблем.
Ова се официјалните причини кои предизвикале одложување на мицковиот поход кон Калето. Дали тој ќе се оствари, најверојатно ќе зависи од здравствената состојба и кондициската подготвеност на вмровската пратеничка гарнитура.
Во амбасадата на САД од Калето, засега не можат да се забележат посебни раздвижувања, иако како што јавија во изјава за АХА, запознати биле со планираниот поход на Мицко и серизно ја земаат во предвид оваа активност на Мицкоски,
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK