Новиот фестивал на „Авалон продукција“, „Дипер андерграунд“ (Deeper underground) денеска и утре ќе се одржи во Скопје на просторот пред А1 Арената.
Организаторите информираат дека фестивалот, кој требаше да се одржи во Охрид, е преместен во Скопје поради избегнување на гужва, паркинг и можност за 100-процентно спроведување на протоколите.
Од „Авалон продукција“ информираат декаа во продажба се само 3.000 влезници по вечер, а согласно протоколите за превенција од Ковид 19, капацитетот на просторот кај А1 Арената за овој настан ќе биде адаптиран на 20 отсто од вкупниот кој е за 15.000 посетители.