ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница

August 15, 2020 12:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните преговори. Во тој период, турскиот партнер ќе направи и испитувања на теренот пред да започне копањето на минералната суровина, пренесува „Мета.мк“.

„Новиот партнер од Турција сака да направи дупчење пред да започнат ископувањата, за да се запознае со теренот и да се оформи динамиката и начинот на работа. Се работи за огромна површина троска, за која мора да испита колку е длабока, на која длабина каков материјал се наоѓа и каков му е составот, информираат од „Кепс монт груп“.

Во меѓувреме, се очекува деновиве да биде готова и лабораториската анализа на троската за радиоактивност и токсичност која се правеше во Грција. Тоа е основа за да се добие МСДС (Material Safety Data Sheet) документот за квалитет на стоката при меѓународен превоз од грчките власти, неопходен за да започне транспортот на суровината и за користење на Солунското пристаниште.

„Во моментов се преговара за компании кои ќе ја ископуваат и транспортираат троската од Велес до Солун, а ние ќе инсистираме тоа да бидат домашни фирми. Деталите ќе се утврдуваат наскоро кога ќе започнат преговорите околку договорот. Очекуваме за околу два месеци да ги завршиме административните работи“, велат од „Кепс монт груп“.

Ново решение и друг купувач започна да се бара откако, по првичниот договор со компанија од Малезија, оваа земја на почетокот од годината забрани увоз на отпад. Иако, сите веќе склучени и важечки договори требаше да бидат ревидирани за шест месеци, сепак од Малезија сѐ уште нема одговор дали троската ќе биде извезена таму. Од „Кепс монт груп“ велат дека сѐ уште се очекуваат позитивен одговор од малезиските власти, но дека, доколку е потребно, ќе преземат и правни мерки.

Расчистувањето на црниот рид со троска, кој е остаток од работата на некогашната Топилница за олово и цинк, е првиот и неопходен услов за да започне чистењето на почвата и подземните води во Велес. Децениското загадување со тешки метали остави огромни последици по животната средина, но најмногу на здравјето на велешани. Депонијата се протега на околу 33.000 квадратни метри површина и се проценува дека има околу 1,8 милиони тони отпад, во кој околу 10 проценти се цинк, еден процент олово, а има и други опасни метали како кадмиум, бакар, арсен, индиум, талиум..И покрај бројните обиди да се изврши ремедијација на почвата сепак, според мерењата во 2018 година присуството на тешките метали било и до 30 пати над максимално дозволените граници. Концентрациите на олово биле 201,6 милиграми на килограм, што е за 5,9 пати повисока вредност од дозволената, вредностите на кадмиумот биле најалармантни, 7,7 мг/кг, што е за 30,8, пати повеќе, а во почвата имало и зголемени количини на цинк, 230 мг/кг, што е за 2,8 пати повисоко од дозволеното. Од тие причини ремедијацијата е запрена, сѐ додека не се исчити и последната количина згура од Велес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk