„Потребно е да се подигне свеста за органодарителство, затоа што секој орган може да спаси нечиј живот. Мојот живот беше спасен од страна на татко ми, кој го даруваше неговиот бубрег за да продолжам квалитетно да живеам. Ми се даде шанса за втор живот. По трансплантацијата сум посреќен и помотивиран. Имам повеќе време да се грижам за себе и да поминувам повеќе време со семејството и пријателите“, вели деветнаесет годишниот Христијан, пациент со трансплантиран бубрег.