Во последните 24 часа се направени 1.156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 126.284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.739, бројката на оздравени пациенти е 9.174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.021.