ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Нова.рс: Кинески кредити – Србија тоне во должничко ропство

Апетитот на Србија за задолжување во Кина не опаѓаат, така што само во изминатите денови објавено е дека „Кинезите ќе градат брза железница од Ниш до Прешево“, што е работа проценета на две милијарди евра.

August 16, 2020 16:38
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Додека „состојбата со долгот“ во буџетот на Србија за 2020 година, според претходните заеми, изнесува вкупно 1,128 милијарди евра, само оваа година се планира да склучат договори со кинеските банки за заеми во вредност од 2,125 милијарди евра. Ова значи дека во блиска иднина Србија планира од кинеските банки да позајми двојно повеќе отколку што враќа, пишува порталот Нова.рс во анализата со наслов Кинески кредити: Србија тоне во должничко ропство.

Според Нова.рс вкупната вредност на „заедничките проекти“ меѓу Србија и Кина, како што ги нарече министерката за инфраструктура Зорана Михајловиќ, вредат над 7 милијарди евра – а она што им е заедничко е дека Кина ги финансира тие проекти, додека Србија плаќа за нив.

Годинашниот српски буџет, кој претрпе „пандемиски ребаланс“, предвидува Србија да одобри проектни и програмски заеми со кинеските банки во вредност од 2,125 милијарди евра.

Така, во буџетот за 2020 година планирани се 164,68 милиони евра за топловодот Обреновац-Нови Белград во име на заем од кинеската Експорт-импорт банка. Во буџетот на Србија, како што пишува Нова.рс има далеку повеќе вредни потфати што ќе бидат одобрени од Р. Србија во 2020 година.

Тоа е проектот во вредност од 600 милиони евра за изградба на Секторот Ц на обиколницата околу Белград (Бубањ Поток – Панчево), потоа проектот за пречистување на отпадни води во Белград од 271 милиони евра, како и 60 милиони евра за изградба на автопатот „Милош Велики“ од Нови Белград до Сурчин.

Србија позајмила уште 550 милиони евра од кинеските банки за изградба на Фрушкогорскиот коридор, 440 милиони евра за завршување на изградбата на Колубара Б, како и 100 милиони евра за брзиот пат Иверак – Лајковац.

Нова.рс потсетува на изјавата на министерата за инфраструктура Зорана Михајловиќ, според која „здружените проекти“ на Србија и Кина вредат повеќе од седум милијарди евра.

Србија кај кинеската „Експорт-импорт“ банка првпат се задолжи пред десет години, кога е договорен заем за мостот Земун-Борча во Белград. Тој кредит, со вкупна вредност од 217 милиони долари, Србија ќе го отплатува уште девет години, а годишната рата изнесува 16 милиони долари. Србија плаќа уште 20 милиони долари рата за делницата „Милош Велики“ од Обреновац до Љиг, 29 милиони долари заем за првата фаза на Колубара Б – и тоа би било сѐ од „инфраструктурните“ рати за оваа година.

Отплатата на кредитите за најпознатите проекти, како што е изградбата на брзата железничка пруга Белград-Будимпешта доспева во 2022 година, а истото важи и за ратата за делницата за автопатот Обреновац – Сурчин, како и две години подоцна првата рата за мостот над Сава во Сурчин.

Според Нова.рс „состојбата на долгот“ на Србија кон Кина кога станува збор за кредитите од Експорт – импорт банка, а тоа е делот што се „гледа“ во буџетот, изнесува 1,128 милијарди евра.

Апетитот на Србија за задолжување во Кина не опаѓаат, така што само во изминатите денови објавено е дека „Кинезите ќе градат брза железница од Ниш до Прешево“, што е работа проценета на две милијарди евра.

-Ако се прашавте „како ни недостига информацијата дека е распишан тендер“, запомнете дека за проекти за учество на кинески компании -никогаш и немало тендери, пишува Нова.рс., додавајќи дека таков е случајот и со брзата железничка пруга Белград-Ниш, кога вицепремиерката Зорана Михајловиќ едноставно потсети дека „решивме да работиме со кинеската компанија ЦРБЦ“, зато што меморандумот за соработка за проектот за реконструкција на железничката пруга Белград-Ниш со кинеската компанија China Road and Bridge Corporation (CRBC) беше потпишан во 2018 година на самитот на иницијативата „Појас и пат“ во Софија./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција

July 10, 2025
ЕГЗИТ Фото Тим

Јубилеен Егзит 2025: Боб Гелдоф и Гала со порака за српските студенти

July 10, 2025

Изложба на фотографија на Виктор Трајковски во Куманово

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија 20 години чека – а Владата на Мицкоски се оддалечува од Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk