ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжуваат разговорите меѓу СДСМ и ДУИ за хармонизација на изборните програми

Двете партии потенцираат дека единствени точни информации околу консултациите се оние добиени од официјалните партиски лица вклучени во преговорите.

August 16, 2020 10:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералните секретари на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Демократската унија за интеграција викендов ги продолжуваат интензивните консултации и работата на постигнување коалициски договор меѓу Коалицијата „Можеме”, предводена од СДСМ и ДУИ за формирање нова влада со четиригодишен мандат.

Двете партии информираа  дека по утврдувањето на коалициските принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

Започна и процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на „предлозите за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри, кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат“, соопштија СДСМ и ДУИ.

Двете партии потенцираат дека единствени точни информации околу консултациите се оние добиени од официјалните партиски лица вклучени во преговорите.

Консултациите меѓу двете партии започнаа откако во четвртокот шефот на државата Стево Пендаровски му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Разговорите меѓу двете партии почнаа во четвртокот попладне, по врачувањето на мандатот, со тричасовна средба Заев со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, која во заедничко соопштение беше оценета како конструктивна и продуктивна и на која биле постигнати основите за „напредок кон коалициски договор за нова европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото“.

ДУИ од своја страна соопшти дека разговорите за формирање владина коалиција со СДСМ се одвиваат на различни партиски нивоа, изарувајќи уверување дека ќе дојдат до конечен договор и Влада со целосен четиригодишен мандат, која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе продолжи партнерството со евроатлантските сојузници.

Додека траат консултациите за формирањето нова влада, ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на својот став дека врачувањето на мандатот на Заев од страна на претседателот Пендаровски било противуставно.

Партискиот портпарол Димче Арсовски вчера на прес-конференција најави дека размислува за поднесе иницијатива за испитување на уставноста на постапката на шефот на државата.

– Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити Уставот, така што размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата, нагласи Арсовски./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Наскоро ќе промовираме план за рестрикции во покритичните региони

НАЈНОВО

ИРЛ со жесток одговор кон Геровски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

October 11, 2025
ФОТО: Твитер

Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

October 11, 2025

САД нема да распоредат војници во Газа, формираат цивилно-воен центар во Израел за координација на примирјето

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва во квалификациската група

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk