ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НСДП: Оваа учебна година во целост да не започне, учениците да останат дома цела година

August 17, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Нова социјалдемократска партија (НСДП), со предлог до Комисијата за заразни болести и Владата, да ја разгледаат можноста оваа учебна година во целост да не започне, односно учениците да останат дома цела година.

Од НСДП истакнуваат дека не одењето на учениците на училиште не мора да значи и изгубена година за образованието во Северна Македонија и дека комуникацијата помеѓу наставниците и учениците може да продолжи преку воспоставување на нови и креативни форми на комуникација.

– Тоа може да биде година и во која новата Влада ќе се посвети на градење на една долгорочна стратегија за развој на образованието во земјава, велат од НСДП

„Во пресрет на први септември, денот кога започнува учебната година и носењето на одлука за начинот на кој ќе се одвива образовниот процес во услови на пандемија на корона вирусот, НСДП предлага Комисијата за заразни болести и Владата да ја разгледаат и можноста оваа учебна година во целост да не започне, односно учениците да останат дома цела година.

Физичкото присуство на учениците во училиштата, макар тоа да биде и во ограничена форма преку одење на училиште на одредени одделенија, комбинирано со спроведување на онлајн настава, цениме дека може да биде сериозен катализатор на се поизвесниот нов есенски бран на корона вирусот. Искуството од Израел, земја која во втората половина на мај, по стабилизирањето на епидемиолошката ситуација со двоцифрени дневни бројки на ново заразени, одлучи да ги отвори училиштата, покажа дека оваа одлука доведе до нов и пожесток бран на зараза, достигнувајќи и над 2.000 ново заразени на ден кон крајот на јули. Ова искуство зборува за сериозните последици врз вкупната епидимиолошка ситуација која може да го има секоја форма на враќање на учениците во училиштата, дури и тоа да се спроведува по строго дефинирани протоколи и правила.

Имплементирањето на онлајн настава од своја страна носи сериозен ризик за нарушување на инклузивноста на целокупниот образовен процес. Постои реален ризик и значаен дел од децата кои доаѓаат од социјално ранливи демоќаниства да останат без пристап не само до интернет туку и до квалитетна интернет конекција. За овој ризик зборува и Светска Банка, која во својот „Редовен економски извештај за Западен Балакан бр.17“, објавен пролетва оваа година, а посветен на економските и социјалните последици од корона вирусот, нотира сериозна неисполнетост на минимални комуникациско-технолошки предуслови за спроведување на квалитетен образовен процес преку интернет во услови на епидемија. Во извештајот е забележано дека само околу 48% од домаќинствата во Северна Македонија имаат пристап до доволно брз интернет од 10mbps кој ги задоволува барањата за онлјан учење, што од друга страна пак е пониско од стандардите прифатливи во САД (25 mbps) и во ЕУ (30 mbps). Дополнително на ова, околу 20 % од домаќинствата во земјава немаат пристап до било каква интернет конекција. Спроведувањето на онлајн настава во услови на недоволно развиена комуникациско-технолошка мрежа ќе значи влегување во ризик да се ускрати и правото на образование.

Најавите за можноста од повторно воведување на рестриктивни мерки во есенските и зимски месеци, во ситуација на реални очекувања за влошување на епидимиолошката ситуација, ќе значи внесување на дополнителни прекини и нарушувања на образовниот процес, во било која форма да се одлучи тој да се спроведе.

НСДП цени дека Комисијата за заразни болести и Владата во носењето на одлуката за учебната година треба сериозно да ги земат во педвид и воспитните, социјалните и психолошките ефекти, вклучително и на потребата за развој на практични вештини, кои образовниот процес треба да ги испорача, а се поврзани со физичко присуство на учениците во училиштата.

Бранот на истражувања на вакцини во светски реномирани медицински центри и фармацевски компании влева оптимизам дека наредната година ќе се овозможи приспат до квалитетна вакцина која ќе понуди заштита на населението од заразата и ќе се создадат епидемиолошки услови за спроведување на нормален и редовен орбазовен процес.

Но, не одењето на учениците на училиште не мора да значи и изгубена година за образованието во Северна Македонија. Комуникацијата помеѓу наставниците и учениците може да продолжи преку воспоставување на нови и креативни форми на комуникација. Тоа може да биде година и во која новата Влада ќе се посвети на градење на една долгорочна стратегија за развој на образованието во земјава, со која развојот на државата ќе се втемели на писмени, квалификувани, умни и критички настроени млади генерации.“, се вели во соопштението ма НСДП.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Пендаровски: Историскиот континуитет на македонскиот јазик е неспорен

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk