ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ и ДУИ во преговори, усогласување на владината програма и распределба на кадри во ресорите

August 17, 2020 08:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По утврдувањето на коалициските принципи и определби на евентуалната идна заедничка влада, СДСМ и ДУИ вчера работеа на усогласување на победничките изборни програми и распределба на одговорностите според ресори на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната влада.

Од СДСМ соопштија дека во разговорите  во целост се посветена на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите. Информираа дека во однос на и распределбата на одговорностите според ресори се постигнати добар напредок и начелни согласности.

-Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите, истакнуваат од владејачката партија.

ДУИ пак преку соопштение ја повика албанската опозиција да не им наштетуваат на преговорите со СДСМ и, како што нагласуваат, да си го признаат поразот од 15 јули. Според нив опозицијата со недоаѓањето на повикот на Али Ахмети на „тркалезната маса“ на албанските партии, тие се обиделе да го дефокусираат поразот и неуспехот, а со тоа да ја избегнат одговорноста пред нивните гласачи.

-Тие го гледаат своето преживување на политичката сцена преку обиди за неуспешност на Албанците со тоа што стојат на ред на шалтерите на СДСМ и ВМРО и уништувајќи ги преговарачките позиции на победникот и легитимниот претставник на Албанците. Не претворајте го вашиот неуспех во неуспех на Албанците затоа што Албанците нема да ви простат и да го заборават ова недостоинствено однесување, истакнуваат од ДУИ.

Од Демократската унија на Албанците велат дека таетралното однесување на албанската опозиција не е во интерес на Албанците и дека откако првенствено прогласија победа го оспорија процесот, потоа организираа протести па продолжија со заеднички и посебни состаноци со СДСМ и ВМРО, велејќи дека ќе биле во Владата и ќе побарале срамно „купување“ на пратеници.

-Ослободете ја узурпираната албанска опозициска сцена и не претворајте го вашиот партиски неуспех во национален неуспех, туку отворете го патот за нови луѓе кои ќе водат здраво обединување на опозицијата во корист на сите, се наведува во соопштението на ДУИ до албанската опозиција во земјава.

Двете партии ги почнаа преговорите веднаш по конститутивната седница на Парламентот на 4 август, се одржаа неколку средби меѓу Заев и Ахмети. Консултации двете партии имаа и во четвртокот минатата недела, откако претходно истиот ден, шефот на државата Стево Пендаровски му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тричасовна средба на Заев со Ахмети тогаш, во заедничко соопштение, беше оценета како конструктивна и продуктивна и на која биле постигнати основите за „напредок кон коалициски договор за нова европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото“.

ДУИ од своја страна соопшти дека разговорите за формирање владина коалиција со СДСМ се одвиваат на различни партиски нивоа, изарувајќи уверување дека ќе дојдат до конечен договор и Влада со целосен четиригодишен мандат, која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе продолжи партнерството со евроатлантските сојузници. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди

July 10, 2025
Петар Арсовски

Дозвола за постоење

July 10, 2025

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките Орман до Мирковци и на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија 20 години чека – а Владата на Мицкоски се оддалечува од Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk