Министерството за транспорт и врски го работи најзначајниот проект за општините за изградба и санација на преку 450 километри локални улици и патишта, истакнува министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој потенцира дека се обезбедени вкупно 70 милиони евра за сите општини кои ги распределивме преку утврдени критериуми за да може секоја општина да планира проекти во рамките на распределените средства.
Сѕгарески информира дека веќе завршува првиот тендер за реконструкција на улици и патишта кои се предложени од општините и за кои најголем бенефит имаат граѓаните и локалната економија.
– Очекувам во наредниот период општините да доставуваат што поголем број на готови проекти за да може Министерството да започне и со нивна реализација за да го подобриме урбаното живеење, напиша на ФБ министерот Сугарески.