Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, преку обраќање од конвенцијата на Демократската партија упати силна поддршка за демократскиот кандидат за американски претседател, Џо Бајден.
На четиридневната виртуелна конвенција, на која и официјално ќе се номинира демократскиот противкандидат на претседателот Доналд Трамп на изборите на 3 ноември, поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, ги предводеше серијата говорници кои повикаа Бајден да биде избран за претседател.
Таа во обраќањето потенцира дека сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп не е на висина на позицијата која ја држи и дека е погрешен претседател за земјата. Вели дека одблизу ја видела тежината на задачата да се биде претседател на САД и дека таа титула „не го менува човекот, туку открива каков навистина е“, додавајќи дека претседателски избори можат да покажат и каков е народот.
Поранешната прва дама носеше ланче на кое пишуваше VOTE (Гласај), а во говорот ги повика американците да гласаат, дури и оние на кои „им е преку глава“, затоа што разлики од само 2 гласа на некои гласачки места довелe до „сегашната ситуација“.
Бајден, кој беше потпретседател во мандатот на американскиот претседател Барак Обама, денеска и официјално ќе биде номиниран за демократски кандидат за претседател на изборите на 3 декември.
А. Н. С.