пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Сите ги знаеме приоритетите на новата влада: евроатлантските интеграции, пандемијата со економското закрепнување, правото, правдата, односно битката против корупцијата како втор пакет. Јас мислам дека во реализацијата на тие приоритети новиот кабинет на Заев ќе има поголема поддршка од овие 62 пратеника што сега се договорени како конститутивно мнозинство. Не се сомневам дека кон низа проекти ќе се приклучат и Села и Гаши односно пратениците од нивните партии. А верувам, исто така, дека и крупни парчиња од пратеничката група на вмро-дпмне ќе се одлепуваат од матицата и ќе преминуваат на страната на нормалната Македонија.
Расправата околу тоа што добиле Албанците и, особено, дали, односно, зошто, добиле премногу, ја сметам за врвен израз на македонскиот политички кретенизам.
Заев и во овој случај покажа дека за македонската политика е тоа што е Рони Осаливен за снукерот.
Али Ахмети повеќе ми личи на Марк Вилијамс.
Но!
Пред изборите пишував дека само уште еден пораз на вмро-дпмне ја дели Македонија од финалната фаза на ослободувањето од злото. Останувам кон таа оценка. Со две дополнувања. Договорот за формирање на парламентарно мнозинство и влада го заокружува тој пораз во неговата политичкопартиска и изборна димензија и, второ, со конституирањето на новата власт се обезбедуваат услови за дефинитивна пресметка со злото не само како тековна категорија туку и како феномен кој е длабоко втиснат во нашата културна, фолклорна, традициска и историска матрица.
Процесот на ослободувањето од вмро е врвен приоритет затоа што заробеништвото во лагата и илузијата ги компромитира сите напори за нова консолидација на општеството и државата и сите проекции, вклучувајки ги и европските, ги бои со црната боја на смртта.
Ние мораме да се соочиме со себе.
Вмро е грандиозна историска лага која кога се реализира во политички концепт станува декадентна основа на апокалипсата. Закономерна основа, ослободена од субјективностите на живите луѓе и таканаречените водачи, од Љубчо до Груевски и до Мицковски и до сите што ќе дојдат со идеја да ја реформираат партијата за да го зачуваат вмрото.
Или сме ние лага.
Тоа е најважната димензија. Таа трагична средба на историската лага со политичката стварност. Ние не ја оставаме лагата за себе на раат. Не, ние ја имплементираме во нашите животи односно од живите луѓе произведуваме идиоти.
На тековен план триста илјади гласа за таа партија со таков багаж, не се триста илјади гласа за една политичка опција, туку се триста илјади гласа на припадноста кај која ниту најпрецизните инструменти не можат да регистрираат какви било траги на разумни реакции на импути надвор од таа припадност. Никаква мисла, резон, одговорност, надвор од вмро. Никакви морали, разуми, ништо. Ако лидерот се посере на плоштадот Македонија и рече дека говното е цвеќе кое мириса на рузмарин, тие 300.000 души ќе речат: мммммм, колку убаво мириса!
Така и се случи со Скопје 2014.
Не претерувам.
Не,не!
Историската лага и актуелната политичка концептуализација на лагата го налагаат, го произведуваат на еден начин, процесот на интензивното заглупавување на луѓето, не само на гласачите и симпатизери на вмро, туку на вкупното граѓанство, преку производство на енормни количества простоќа и глупоќа во која како во када се потпопува целото општество.
Како историска димензија вмро е основа на сите негирања на македонската посебност, не одбрана од негирањата туку извор на негирањата, македонска основа на македонското негирање. Извор на сите комплекси, фрустрации и хендикепи. Генерации се потрошени на глупости од типот чив бил и што бил Гоце. И на тезата дека таканаречената револуционерна борба за национално ослободување сме ја организирале од центарот на главниот негатор!
Затоа што Македонија била неслободна!
Колкаво количество на кретенизам е потребно за да се верува во тоа.
Денеска.
И да се гради политички концепт врз основа на тоа.
И да ги правиме, згора на се, Бугарите будали!?
Јас мислам дека со ѓулињата на вмро околу нозете и во главите нема да можеме да избегаме далеку од самите себе. А суштината е во тоа да избегаме што подалеку.
Тој проект не може да биде проект на сдсм или на власта, односно не смее да биде само нивна работа. Целото општество мора да влезе во процес на самоосвестување, на соочување со себе. Тоа е културен, пред се, проект. Проект на науката, на медиумите, на образованието, на важна нота во општиот дискурс.
Тоа, мислам излегување од септичката јама на вмро.
Бидејки вмро е тоа: септичка јама.
Уште повеќе: вмро е дрво за бесење на Македонецот и на Македонија.
Вмро е и јажето.
И столчето што треба да се турне.
Вмро е вратот и кретенската маст што ја мачкаме за да не не жуља.
Вмро е Македонецот и неговата смрт во пакет.
Вмороните мора да се култивираат во врска со оваа тема.
Не да се оди против луѓето, туку да им се помогне.
Заедно со борбата против нихилизмот и негативизмот, оваа тема е најважна. Проблемот на економијата ќе се реши, проблемот на правото ќе се реши, но проблемот во нашите глави заслужува врвно внимание и приоритет.