Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, по состанокот со Централниот совет на партијата, на прес конференција ги објави имињата на министрите од ДУИ во новата влада.
-15 мандати што ДУИ ги доби на предвремените парламентарни избори, со право ја прават Демократската Унија за Интеграција победничка. Граѓаните повторно решија да ја делегираат својата политичка волја да ги претставуваме во следните четири години. И со ова гласачите не ни ја дадоа само нивната доверба, туку задачата и одгворноста за достоинствено застапување, изјави Ахмети на почетокот од конференцијата.
Крешник Бектеши – економија
Бујар Османи – Министерство за Надворешни работи
Насер Нуредини – Министерство за животна средина
Фатмир Бесими – Министерство за финансии
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби, а за Министерство за информатичко општество и администрација ќе се решава по неколку консултации.
-Нашиот пријател, канидатот за премиер, господинот Насер Зибери, придонесе многу за овој историски успех, и секако дека ќе преземе надпартиска одговорност во служба на граѓаните. Ова владеење, е владеење на еднаковста, утре ќе го избереме Претседателот на Собранието, нашиот другар, Талат Џафери, а потоа и нашите други другари. Артан Груби, како прв вицепремиер, Фатмир Бесими, министер за финансии, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Крешник Бектеши министер за економија, Насер Нуредини, министер за животна средина, а министерот за информатичко општесво и администрација ќе го оставиме по неколку дополнитерлни консултации.
-Драги браќа и сестри, пред еден месец се борев да бидеме смели, да сонуваме… Денеска, по еден месец, ви велам дека се оствари и повеќе од сонот! Драги пријатели, овој договор за заедничко владеење е историски, за нашата земја, и за Албанците. Граѓаните се на прво место. На земјата и е потребна институционална и одржлива стабилност, безбедност, како и решителност за . Ние верувавме, ние се осмеливме, а граѓаните оценија. Сега, со Господ напред, да излеземе со светол образ, и честитки за сите, изјави Ахмети.
Д. Тахири
Извор: ЦИВИЛ медиа